Револтирани родители ја нападнаа директорката на ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични. Тие бараат оставка од директорката Елена Николова, која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас, е смена на директорката. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со останатите за да се најде решение, изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите е насилно и незаконски.