Министерот за образование и наука, Арбр Адеми објави дека се променети имињата на училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“. По што следуваа реакции од сите страни дека тоа не законски, па дека сето тоа е оправдно и дека Советот на Општина Чаир постапил исправно. Сепак, едно прашање останува да виси во воздух со кого се заменети Никола Вапцаров и Рајко Жизифов.
Од ова прашање произлегуваат многу непознаници, бидејќи аргумените на политиката се катадневни, а творештвата, етиката и учењето научениците се безвременски.
Исмаил Ќемали Беј Влора бил истакнат албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата.
За Имри Елези, единствен податок кој го најдовме за него беше една статија на албански во која тој е опишан како ,,Синоним на битката во Матејче каде што се бореше гради во гради со славо-македонските сили и херојски загина во една акција и стана народен херој”. Имено ,Имри Елези е член на терористичката група УКЧ која во 2001 водеше битки со македонската полиција и војска.
Борец во славната битка на Кошаре 1999 година,
Борец во областа Карадак 2001 година,
Во текот на 80-тите години, Енвер Елези братот на Имриу, беше убиен со рафално пукање од калашникови за време на тогашната воена служба на ЈНА.
Името Имри Елези е синоним за битката кај Матејци, каде јуначки се бореше со славо-македонските сили каде што исто така беше маченза време наедна акција.
Денес, со ова име се фали Дизон, се фали Чаир, Скопје и целата нација.
Паднат херој за нацијата – Комесар ИМРИ ЕЛЕЗИ.
– стои напишано во статијата.
Статијата за Имри Елези можете да ја прочитате ОВДЕ.
Никола Вапцаров е роден во Банско, Пиринска Македонија (денес Бугарија) на 7 декември 1909 година во протестантско семејство, семејство кое било посветено на македонското ослободително движење.
Татко му, Јонко (Иван) уште за време на турското владеење зема учество во револуционерното движење, а неговата мајка, Елена Вапцарова (род. Везјова) била учителка која неколку години се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Така, неговите родители му всадуваат љубов кон татковината, луѓето и книгата.
Вапцаров спаѓа во групата македонски писатели кои пишувале на други јазици, односно тој своето творештво го напишал на бугарски јазик.
За животот на Вапцаров
Никола Вапцаров, завршил основно училиште и шести клас гимназија во Разлог. Тој тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во бугарскиот пристанишен град Варна, каде се сретнал со марксистичко-ленинистички кружок и станал активист на кружокот. Овде го публикува своето прво поетско дело — стихотворбата „Кон светли идеали“.
По завршувањето на школувањето во 1932 Вапцаров станал машински техничар и отпрвин работел на еден брод со кој патувал по северниот брег на Африка, а потоа се вработил во селото Кочериново како техничар во фабрика за хартија и мукава. Таму ја сретнал својата идна сопруга – Бојка, дете на доселени Македонци од Грција, со која ќе го помине својот живот до својот трагичен крај.
Во 1933 година на патот од Горна Џумаја за Кочериново бил извршен неуспешен атентат врз него, поради што Никола напишал писмо до Ванчо Михајлов, прашувајќи го зашто сакаат да го убијат.
Со големата криза во 1935 година во Бугарија, се затворила и фабриката во која работел и иако успеал со организирање на работниците да издејствува нејзино повторно пуштање, тој бил отпуштен од работа.
Вапцаров е еден од организаторите на „Македонскиот литратурен кружок“ во Софија, а од членовите бил сметан за „срж“ на кружокот. 1940 година ја издал својата прва и последна поетска збирка „Моторни песни“, со сопствени средства и само под името Никола Јонков. Тој бил еден од создавачите на списанието „Литературен критик“ кое трпело неколкукратни цензури, а набрзо билo забранетo.
Поради своите антифашистички активности и диверзантски акции Никола бил постојано следен и затворан. Бил интерниран три месеци во Годеч. По враќањето неговите активности уште повеќе се засилуваат. Станал еден од првите помошници на полковникот на советската армија Цветан Радојнов и работел активно како член на Бугарскта комунистичка партија.
И така сѐ до 4 март 1942 година, кога полицијата го затвора. Бил подложен на жестоки измачувања и заедно со Антон Попов, член на Македонскиот литературен кружок, бил осуден на смрт без право на жалба, од страна на фашистичкиот воен суд.
На 23 јули 1942 година во 21 часот и 10 минути, заедно со петмина свои другари е стрелан.
Поетско творештво
За време на својот живот, Вапцаров објавил само една збирка поезија под наслов „Моторни песни“. По паѓањето на фашизмот во Бугарија била објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.
Јазикот на кој Вапцаров ја пишува својата поезија е бугарски, но нејзината содржина е доминантно македонска.
Првиот циклус во збирката „Моторни песни“ е насловен „Песни за човекот“ каде обработува проблеми на работникот и на обичните луѓе. Тука се издвојуваат песните „Спомен“, „Писмо“, „Песна за човекот“ и др.
Рајко (Ксенофон) Жинзифов (Велес, 15.II.1839 – Москва 15.II.1877) – е македонски преродбеник, публицист, писател и поет. преведувач и собирач на народно творештво. Тој е сестран деец од кругот на учениците на Миладинов. Води потекло од влашки доселеници од Албанија и Јужна Македонија во Велес. Уште како млад станува учител низ Македонија, ширејќи образование и просвета на народен јазик. Заминува во Русија на духовната семинарија во Одеса, каде под влијание на Георги Раковски го променил името од Ксенофон во Рајко. Во Москва се движи во кругот на македонските студенти и покрај учењето се занимава со писателска, преведувачка и публицистичка дејност. Познанството со браќата Миладиновци му овозможува да ја напише нивната биографија. Еден е од заговорниците за создавање на заеднички македонско-бугарски јазик и во непосредната практика ги спровесува тие идеи. Се наоѓал под силно влијание на Тарас Шевченко чии стихови континуирано ги преведувал. Личната трагика произлезена од тешката економска положба и тагата кон татковината ќе се рефлектира во неговата лирика во која пулсираат носталгични и мрачни расположби. Рајко Жинзифов отсекогаш се спротивставувал на елинизацијата на населението во Македонија.
Ксенофон (Рајко) Жинзифов е роден на 15 фебруар 1839 година. во Велес. Потекнува од влашко семејство доселено во Велес од Битола. Татко му Јован Ѕинѕиф, кој имал завршено медицински факултет во Атина и работел како учител во Велес, по потекло бил од Москополе, додека неговата мајка била од Негуш. Жонзифов уште како млад станува помошник учител на Димитрија Миладинов. Учителствувајќи во Прилеп и во Кукуш, развиваат голема преродбенска дејност, а образованието и просветата ја шират на народен македонски јазик. Со помош на Димитрија Миладинов заминува на студии во Русија. Се школувал на духовната семинарија во Одеса каде се запознал со бугарскиот преродбеник Ѓорѓи Сава Раковски. По сугестија на Раковски името го променил од Ксенофон во Рајко. Подоцна заминува за Москва каде се запишува на историско- филозовскиот факултет.
За време на студирањето, Жинзифов се движи во кругот на македонските студенти. Во Русија заштита му дава преднего дојденит Константин Миладинов. Подоцна ова познаство со браќата Миладинови ќе резултира со пишување на нивната биографија, непосредно по нивното загинување. Своите сеќавања за браќата Миладинови, во форма на впечатоци и спомени, Жинзифов ќе ги објави уште во 1862 година во седмичникот „Ден“, под псевдонимот „Велешанин“.
Покрај учењето Жинзивов се занимавал со писателска, преведувачка и публицистичка дејност. Развива богата публицистичка дејност на руски јазик. Во текот на 1863 година ќе објави стихозбирка со песни на еден своевиден македонско-бугарски јазик и препеви од руски, украински и од чешки јазик. Жинзифов биле еден е од заговорниците за создавање на заеднички македонско-бугарски јазик и во непосредната своја практика, било тоа поезија или препев, ги користи своите идеи. Исто така тој бил под силно влијание на основоположникот на новата украинска литература Тарас Шевченко, чии стихови континуирано ги преведувал.
Одделни книги поезија објавува во Москва и во Браила (Романија). Во Москва воглавно се движи во славјанските кругови. Станува мошне близок со семејствата на браќата Аксакови. Со нивна помош, заедно со Константин Миладинов и со бугарските литерати Љубен Каравелов, Најден Геров и Нешо Бојчев, го започнал издавањето и уредувањето на списанието „Братски труд“. На страниците на ова списание ќе ги отпечати своите поетски и прозни творби, како и преводи. Тешко успевајќи да изнајде средства за својата егзистенција, водел самотнички живот.Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминува како емигрант во Русија, во постојана борба со немаштијата. Бедниот емигрантскиот живот и носталгијата по татковината со текот на времето станувала се поголема, а тагата ја убивал со алкохолот. Внатрешните чуства на личната трагика ќе проговорат на исповеден начин низ неговата лирика исполнета со мрачни тонови.
По завршувањето на универзитетот, се вработува како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназиии. Продолжува со книжевна дејност, но воглавно со преводи и публицистичка дејност. Истовремено соработува со славјанските списанија во Цариград.
Во текот на 1866 година кратко време престојува во Македонија, оставајќи сведоштва во својата публицистика. По враќањето во Русија иако добива руско државјанство, Жинзифов постојано е преокупиран со грижи за татковината. Во 1867 година учествува на Сесловенскиот конгрес во Москва. Во текот на 1870 година присуствува во Браила, Романија, на годишното Бугарско книжевно друштво, со чија помош ја објавува својата поема „Крвава кошула“.
Рајко Жинзифов проникнат од панславенската идеја, создава богат публицистички опус на руски јазик.Непосредно пред Руско-турската војна во 1877/78 година, за потребите на руската армија подготвува „Патеводител“ низ Македонија и краток македонско-руски речник. На македонски јазик ги препева прочуените за тоа време творби: „Слово за походот Игорев“ и „Кралевдворски ракопис“ од Вацлав Ханка, како и превод на руски јазик на „Орфеевата песна“, наводно пронајдена од Стеван Верковиќ во Македонија.
Неговите стихотворби ја откриваат душата на поетот, исполнета со горчина од неизвесноста на емигрантскиот живот во Русија. Авторот кого судбината го одвојила од Македонија, во тешките мигови на животната авантура, низ стиховите ги довикува спомените на не така далечното детство, престрого самообвинувајќи се за мигот на самоизмамата. Неговата поетска реч иако е притисната во менгемето на јазичниот експеримент, успева да допри до современиот македонски читател, чиј интерес кон своето е непореклив и постојан. Рајко Жинзифов умира далеку од својата татковина на 15 фебруари 1877 година во Москва.