Доаѓањето на зимските температури ги принудија земјите во Европската унија да испумпуваат гас од подземните складишта, чијашто исполнетост се намалила под 90 отсто, покажуваат податоците од петокот на Асоцијацијата на оператори со гасна инфраструктура на Европа (Gas Infrastructure Europe, GIE).
Според податоците од деноноќието за четвртокот кое завршува утрото во петокот, објектите на подземните складишта биле пополнето на ниво од 89,93 отсто, што претставува намалување за 0,47-процентни поени. Сепак, показателот останува на високо ниво, речиси 11-процентни поени над просекот за последните пет години, а стапката на повлекување на гасот е, исто така, во рамките на нормалата. Досега во просек дневниот пад изнесувал 0,39 процентни поени за декември, а 0,16 отсто во ноември.
Најмногу гас во изминатото деноноќие бил испимпуван од складиштата во Белгија, за 1,49 отсто од капацитетот, во Франција за 0,87 отсто и во Словачка за 0,78 отсто.
Истовремено, увозот на течен природен гас (LNG) во Европа го достигнал рекордното ниво за ноември, што се совпаѓа со времето на зимскиот раст на побарувачката, пишуваат аналитичарите на „Rystad Energy“. Франција, Шпанија и Велика Британија увезоа околу половината од ноемврискиот обем, се додава.
„Температурите во Европа продолжија да опаѓаат во првата седмица од декември, со што повлекувањето на гасот од нивните складишта е просечно за околу 470 милиони кубни мери дневно за една седмица. Увозот на LNG достигна рекордно месечен максимум од 11.4 милиони тони, за ноември“, пишуваат во својата белешка аналитичарите на „Rystad Energy“.
Очекуваат во следниот период од подземните складишта на дневно ниво да се повлекуваат 300 до 500 милиони кубни метри гас. Поддршка за пазарот стручњаците гледаат во големите количества на увозот на LNG, испораките од Норвешка, како и од Африка и Азербејџан, во услови на минимални испораки на гасот од Русија поради санкциите не ЕУ и оштетувањата на главните правци на испорака.