![cvetan tripunovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/cvetan-tripunovski.jpg?resize=675%2C359&ssl=1)
Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека е резил да се додели грант во вредност од 1,4 милиони евра на фирма на семејството на Зоран Заев.
„РЕЗИЛ!!!
Тоа е таа путер политика!!!
Само што човек ќе помисли дека го достигнавте дното вие одите метро подолу!!!
Во ситуација во која нашето земјоделие е во клиничка смрт и нашите земјоделци ум немаат во главата од каде да најдат пари за да купат неколку литри нафта и ѓубриво за да ги изораат нивите и произведат храна, ТИ и компанија и одобрувате на фирмата на Заев преку ипард програмата НЕПОВРАТНИ 1.4 МИЛИОНИ ЕВРА.
Па јавно те прашувам
Затоа нашите земјоделци не ги исполнуваат условите од ипард и се одбивани од истата?
За да продолжите вие со грабежот на државата?
И те замолувам НЕМОЈ да те лаже господ ни да помислиш да се оправдуваш за ова преку изјави од типот,, секој кој ги исполнува условите ќе добие ГРАНТ од ипард,, бидејќи на сите веќе им стана јасно дека грантовите од ипард програмата почнавте да ги користите за дообогатување на вас и на блиските до вас.
Е затоа граѓаните на оваа држава плаќаат трипати поскапи производи а во нивите ќе растат трње од овие ваши квази политики а ова кажете му го и на полтрончето Бачовски кој јавно ги обвини земјоделците дека за џабе земале субвенции а не го зголемувале производството бидејќи со ова сега се виде точно каде завршувале парите.
И за крај
ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!!!
П. С. нешто не видовме слики за твоја самопромоција од потпишувањето на договорот😠😠😠😠!!!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.