Предлог-резолуцијата за Сирија, која беше претставена во Советот за безбедност на Обединетите Нации, ќе ги поткопа хуманитарните напори на светската заедница. За тоа предупреди постојаниот претставник на Русија во меѓународната организација Виталиј Чуркин, цитиран од „Россискаја газета“.
„Овој текст нема да има никакво практично и позитивно влијание врз ситуацијата“, истакна рускиот дипломат, изразувајќи уверување дека документот кој содржи санкции, нема да биде прифатен.