
Голден Стејт Вориорс ги совладаа Сакраменто Кингс со 116:115 во својот „Чејс центар„ во претпоследниот претсезонски натпревар.
Победата на Вориорс им ја донесе исклучително расположениот капитен Стивен Кари, кој погоди „тројка“ на шест секунди пред крајот на натпреварот, со што го заокружи својот учинок на 30 поени. Кари погоди осум „тројки“ од 12 обиди, а шутираше 10/18 од поле.
Вориорс имаа шест двоцифрени играчи. Џонатан Куминга постигна 18, а Ендрју Вигинс 16 поени, додека новопридојдениот Трејс Џексон-Дејвис постигна 13 и ветеранот Крис Пол, кој имаше и девет асистенции.
Де’Арон Фокс беше најдобар стрелец кај кралевите со 25 поени, а Киган Мареј постигна 24.
Во другите претсезонски натпревари, Сан Антонио Спарс ги победија Хјустон Рокетс со 117:103, Бруклин Нетс победија со 107:104 во Мајами, а Вашингтон Визардс ги победија Њујорк Никс со 131:106 во „Медисон Сквер Гарден“, каде Џордан Пул за победниците постигна 41 кош.