Министерството за здравство информира дека резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на коронавирусот Covid-19.
Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација (СЗО) ги извести здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од корона вирус.
По тестирање на Инфективната клиника, тие остануваат во домашна изолација во наредните 14 дена.
По последната информација дадена за медиумите денеска во 13:00 часот, на корона вирус тестирани се уште 2 лица, еден кинески и еден наш државјанин. Кинескиот државјанин денеска пристигнал на скопскиот аеродром, но иако немал симптоми, службите на аердоромот го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје, бидејќи е патник кој доаѓа од Кина.
Македонскиот државјанин е наш студент во Италија. И тестовите на овие две лица се негативни на корона вирус.
Продолжуваме да ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ги почитуваат и спроведуваат препораките на СЗО за заштита од корона вирус.