Резултатите се видливи – сѐ што е ветено е остварено, порача Мицкоски

Претставува задоволство кога ќе може да посетам нешто што веќе се гледа, а претходно било ветувано и, за жал, не било реализирано, изјави за новинарит во средата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на скопската населба Радишани.

„Посебно импресивно делува ова што го кажа градоначалникот Дарко, а исто така за мене посебен впечаток остави, како што тој рече очистената џунгла во коритото на река Серава подолу. Средина во којашто живееле жителите овде во населба и село Радишани и ќе продолжи понатаму тоа да се средува. После подолго време луѓето виделе дека има и мост и дека има и вода во речното корито, односно дека постои река“, рече Мицкоски.

За жал, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изминатите четири години тоа било комплетно напуштено и запуштено. Додаде дека делуваат импресивно вложувањата што локалната власт во Општина Бутел го преземала во опремувањето на училиштата и детските градинки, како и во споретските објекти во кусиот период откако стапи на должноста.

„Она што го гледам од страна кај нашиот политички противник е дека ги критикуваат овие мои посети. И би рекол оние скапо платени со украдени народни пари ботови кои што пишуваат по социјалните медиуми само ќе им порачам дека ќе продолжите уште долго да ме гледате и уште долго ќе реализираме успешни проекти. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува. А, СДСМ тоа што го ветува, го краде од народот и никогаш не го исполнува. За жал уште долго ќе ме гледаат и уште долго ќе реализираме проекти кои што граѓаните ги бараат од нас за довербата која што ја дадоа на локалните, а многу скоро денеска и на предвремени парламентарни избори“, нагласи Мицкоски.