Резултатот на локалните избори во Штип ќе зависи од тоа колку власта ќе потроши на корупција на гласачите, смета Момировски

Горан Момировски, новинар во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за престојните локални избори кои треба да се одржат во Штип каде според него резултатот ќе зависи од тоа колку власта ќе инвестира од парите кои што ги зема како кредити односно колку пари од ресурсите кои ги има државата ќе се потрошат на корупција на гласачите во Штип.

„Мислам дека пресудно ќе биде нешто друго, односно колку власта ќе инсистира да го добие и Штип за да докаже дека има апсолутна контрола на теренот, односно колку ќе инвестира од парите коишто ги зема како кредити, колку пари од ресурсите кои ги има државата ќе се потрошат на корупција на гласачите во Штип. Тргнувам од тоа што се случуваше на парламентарните избори каде во моментов имате најмалку 7 до 8 процеси кои се евидентирани од страна на полициските припадници, но кои не се процесираат во рамите на јавното обвинителство или во Антикорупциската комисија. Еве примерот со Филипче за кој Антикорупциската комисија призна дека користел службено возило од друга институција за време на партиски настан. Ова е еден пример како функционира системот. Случајот е евидентиран, антикорупциска потврдила дека е прекршен законот за корупција и Филипче нема никаква казна за сега. Зошто утре јас ако сум партиски активист, на партијата на власт, на СДСМ зошто да не го прекршам законот гледајќи го моделот дека министерот за здравство за вакво нешто не одговарал“, додаде Момировски.