РФМ ќе го организира женскиот квалификациски турнир за СП 2021

Грција ја откажа организацијата на квалификациската група за следното СП во женски ракомет со што РФМ експресно прифати да го организира овој важен турнир за македонскиот ракомет.

Како што беше најавено нашиот Јужен сосед првично ја прифати организацијата на квалификацискиот турнир за учество во баражот за следниот ракометен мундијал и дури се споменуваше Солун како град каде би се играле натпреварите.

Но денеска пристигна веста дека Грците ја откажуваат организацијата што беше убава можност  нашите најдобри ракометарки да се борат за учество во баражот на турнир организиран во Македонија.  Ваквата понуда ја прифати РФМ втора земја по приоритет и веќе се знае дека турнирот ќе се игра во Скопје од 4-ти до 6-ти ноември.

Покрај Македонија и Грција во битка за првите две места во групата што водат во баражот се уште и селекциите на Исланд и Литванија.

Селекторот Симе Симовски и ракометарките со ова добија убава можност да се изборат за пласман во баражот за СП што е закажано за декември наредната година.