1.8 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2025

РФМ и ЕХФ му се заблагодарија на Лазаров: Вистински талент во кој можевме да уживаме 25 години

Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров, вчера официјално и стави крај на играчката клупска кариера.

Поддршката за актуелниот селектор на машката ракометна репрезентација од блиските и јавноста е голема.

Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите доби поддршка, благодарност и од РФМ.

-Ти благодариме за севкупниот ГОЛЕМ придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објавија од Федерацијата.

-Вистински талент во кој можевме да уживаме 25 години. Ќе ни недостасуваш, објавија и ЕХФ.