РФМ најави жалба на судењето на данските судии со Холандија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе жалба за судењето на натпреварот меѓу Македонија и Холандија од страна на данската судиска двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.

Информацијата ја сподели Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој на својот ФБ профил истакна дека федерацијата ќе реагира на судењето кое било некореткно.

„Досега ретко сме се жалеле, можеби двапати досега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, а без разлика на исходот, Македонија победи“, напиша Милошевски.

На натпреварот Македонија – Холандија, противникот  доби 12 пенали, имаше доста спорни моменти, а Македонија заврши и со двојно повеќе исклучувања и два црвени картони. На крајот публиката со свирежи ја ипсрати судиската двојка од теренот.

Извор: Спортско радио 90,3 ФМ