Ракометна Македонија тагува. По долго боледување денес во Германија почина македонската ракометна легенда Тони Шопов. Тој зад себе остави богата играчка кариера со многу победи и порази.
Имено, поранешниот репрезентативец веќе подолго време имаше сериозни здравствени проблеми, боледуваше од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Сите се обединија да му помогнат на Шопов на финансиски план, во акцијата се вклучи и Ракометната федерација на Македонија (РФМ). По болната вест која молскавично се рашири, од РФМ испратија сочувство до семејството на Шопов.
„Испраќаме последен поздрав до поранешниот репрезентативец Тони Шопов. Почивај во мир, сочуство до семејството. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, објавија од „куќата на ракометот“.
Шопов беше член на првата репрезентација на Македонија, во која што играа и Манасков, Маринковиќ, Стефановски, Станковски…