0.8 C
Skopje
недела, јануари 5, 2025

Ријана ја повлече тужбата против својот татко пред да се видат во суд

Поп -sвездата го обвинила нејзиниот татко Роналд Фенти за злоупотреба на нејзиното име во корист на неговата компанија и во 2019 година поднела тужба за лажно рекламирање и нарушување на приватноста.

Таа исто така вели дека без нејзино знаење, тој организирал турнеја низ Јужна Америка и настапи во Лос Анџелес и Лас Вегас. Судењето требало да започне на 22 септември, но Ријана ја повлече тужбата.

Причината не е наведена, но американските медиуми пренесуваат дека Ријана постигнала вонсудска спогодба со нејзиниот татко и неговиот деловен партнер.

Познатата пејачка и најбогатата музичарка на светот веќе долго време е во лоши односи со нејзиниот татко, кој имал проблеми со алкохолизам и зависност од дрога.