Лутите корисници на социјалните мрежи бараат Ријана „да им се извини на сите муслимани“ откако песната што ја пеела во нејзиното шоу за долна облека содржела исламски текст хадис.
Тоа е текст кој, според муслиманското верување, го изговорил пророкот Мухамед за време на неговиот живот. Песната Doom, пак, зборува за Судниот ден и враќањето на Исус.
Иако песната во шоуто е забрзана, па затоа хадисот потешко се препознава, оние што ја знаат брзо сфатија за што станува збор.
there’s really no way we can let this slide like a straight up HADITH???? rihanna baby you screwed up HARD pic.twitter.com/gxUOvtHGn5
— N⁷₁₁₇ ♡’s yami / exams (@TAEHYUNGGOODBOI) October 4, 2020
“Зборовите не можат да опишат колку сум разочарана како муслиманка што Ријана им дозволи на манекенките да танцуваат на хадис. Ова се светите зборови на нашиот пророк, не можете да ги користите на ревија на долна облека. Одвратно и навистина без никакво почитување”, е еден од многуте коментари.
“Бојкот за употребата на хадис од страна на Ријана. Тоа е непочитување на муслиманите ширум светот. Сакаме таа песна да биде отстранета. Сакаме извинување. Ова не треба да се сфаќа лесно”, е друг коментар на оваа тема.
“Таа се забавуваше со муслиман со години, не можете да кажете дека не е свесна за тоа што го сторила.”, додаде друг коментатор.
“Како муслиман, јас сум длабоко навреден од ова, ова е срамно и патетично. Сите оние кои не се муслимани и ја бранат Ријана треба да научат да ги почитуваат сите вери и да соберат храброст да зборуваат за лошото”, рече тој.
Истата песна ја користеше Ријана и во 2017 година за време на шоуто Fenty x Puma.