Голема риба скокнала во рибарски брод, удрила маж во грдите и го убила, соопшти во саботата полицијата на австралиската сојузна држава Северна територија.
Педесет и шестгодишниот рибар ловел од бротче со пријателиоте во близина на главниот град Дарвин, кога ненадејно рибата скокнала во пловилото, се наведува во соопштението на полицијата кое го пренесува агенцијата AFP.
Мажот паднал, а неговите пријатели брзо со чамецот стасале до заливот Кален, каде што полицијата можела само да утврди дека починал на самото место. Полицијата наведува дека тоа бил многу стресен инцидент за сите на бротчето.
Портпаролот на службата за итна медицинска помош изјавил дека по патот до пристаништето на починатиот му била давана прва помош и биле направени обиди да се оживее, но оти тоа било безуспешно.
Еден од рибарите за австралистката телевизија ABC News изјавил дека веројатно се работи за скуша којашто тежела околу 18 килограми, којашто според него со големата сила со која излетала од водата предизвикала силен шок и голема повреда.
Локалните медиуми потсетуваа дека во 2018 година беше пријавен случај кога жена се здобила со голема и опасна исекотина на вратот, откако голема риба скокнала од водата на 45 километри од Дарвин. Според тогашните извештаи, рибата која тежела 10-ина килограми и била долга еден метар, наводно скокнала повеќе од метар и половина во воздухот пред со перката да ја закачи жената која останала во локва крв на рибарскиот брод. Жената преживеала, но останала со длабоката рана на вратот.