Рибери и со болка во грбот ќе игра за Франција

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Франција, Франк Ррибери доби зелено светло од репрезентативниот доктор на “Галските Петли” за да настапи на престојниот Мундијал во Бразил.

И покрај големата болка која ја чуствуваше во грбот во изминатите 10 дена, Рибери се најде во конечниот список со 23-фудбалери кои ќе ја имаат таа чест да го носат дресот на Франција на најважниот спортски настан во 2014 година.
Светскиот шампион од 1998 година ќе се натпреварува во групата “Е”, каде за противник ги имаат репрезентациите на Швајцарија, Еквадор и Хондурас.
СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Ландро (Бастија), Лорис (Тотенхем), Руфиер (Сент Етјен). ОДБРАНА: Дебуши (Њукасл), Дигне (ПСЖ), Евра (Манчестер Ј.), Кошиелни (Арсенал), Мангала (Порто), Сања (Арсенал), Сахо (ПСЖ), Варане (Реал М.). СРЕДЕН РЕД: Кабаје (ПСЖ), Грениер (Лион), Матуиди (ПСЖ), Мавуба (Рен), Погба (Јувентус), Сисоко (Њукасл), Валбуена (Марсеј). НАПАД: Бензема (Реал М.), Жиру (Арсенал), Гриезман (Сосиедад), Реми (Њукасл), Рибери (Баерн М.).