Предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола потврди дека на најголемата ѕвезда во неговиот тим, францускиот интернационалец, Франк Рибери, нема да настапи на утрешниот првенствен натпревар против секогаш незгодниот тим на Борусија од Менхенгладбах.
„Во изминатите неколку дена, Рибери чуствуваше болка во двете нозе. Пред малку го одработивме последниот тренинг пред утрешниот натпревар во Менхенгладбах. Голема е веројатноста дека нема да игра против Борусија. Се уште чуствува болка во двете нозе. За среќа не станува збор за некоја посериозна повреда, но не сакаме да ризикуваме. Можеме да го надополниме неговото отсуство, има кој да го замени”, изјави трофејниот шпански стручњак.