![riberi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/riberi.jpg?resize=386%2C480&ssl=1)
Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери упати жестоки навреди на адреса на критичарите.
Французинот на социјалните мрежи им одговори на сите оние кои го критикуваа поради „позлатената вечера“. Рибери во друштво на својот колега Роберт Левандовски вечераше позлатен стек во вредност од 1.000 фунти, во ресторанот на турскиот готвач познат по прекарот „Салт бае“ во Дубаи, по што веднаш доби голем број критики на социјалните мрежи за излишно трошење пари.
Тој преку статус порача: „Да ја започнеме новата 2019 со разјаснети нешта. До оние љубоморните, хејтерите… кои се родиле како последица на пукнат кондом: Ќе ви ги е**м мајките, бабите и целото семејно стебло!“
Рибери експресно беше казнет за објавата од страна на раководството на Баерн.
Тој искористи зборови, со кои Баерн не може да се помири. Франк треба да биде модел за пример за еден наш фудбалер. Разговарав со него и го информирав дека е казнет, изјави спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ.