Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија го осуди „неодманешниот става на американскиот Сенат“, порачувајќи дека убиството на новинарот Џамал Кашоги е лосторство кој не ја одразува политиката на монархијата.
„Неодамнешниот став на Сенатот на САД, која се базира на неосновани тврдења и обвинувања, подразбира натамошно мешање во внатрешните работи и во улогата на Кралството на регионално и меѓународно ниво“, се наведвуа во соопштението коешто го пренесе службената новинска агенција Saudi Press
Американскиот Сенат едногласно во четвртокот усвои резолуција во која саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман е наведен како одговорен за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Со резолуцијата се обвинува саудискиот принц за убиството на Кашоги и се повикува Владата на Саудиска Арабија да преземе одговорност за сите кои учествувале во тоа.
Исто така, се тврди дека Саудиска Арабија купува воена опрема и соработува со властите во Русија и Кина, нагласувајќи дека тоа може да го загрози интегритетот на воените односи меѓу САД и Саудиска Арабија.
Сенатот претходно со 56 гласови „за“ и 41 „против“ усвои резолуција со која се бара прекин на воената поддршка од САД за коалицијата предводена од Саудиска Арабија во војната во Јемен. Резолуцијата не е обврзувачка додека не ја усвои Претставничкиот дом и додека не ја потпише претседателот Доналд Трамп. Сепак ова е првпат во историјата Конгресот да гласа за прекин на воено учество на САД во војна во некоја странска земја.
59-годишниот новинар од минатата 2017 година живееше во егзил во САД, а Саудиска Арабија ја напушти по серијата критички текстовои на сметка на принцот бин Салман.
Кашоги беше еден од најпознатите критичари на саудискиот принц кој ги покрена реформите кои ги поздравуваат САД и Западот, меѓутоа започна и пресметки со дел од монархијата, саудиски бизнисмени и особено со дисидентите во којашто се уапсени, многу активисти, интелектуалци и верски лица, пособено од шиитската заедници. Тие, исто така, ја критикуваа и војната во соседен Јемен, во која Саудиска Арабија ја предводи коалицијата на сунитските земји којашто се бори против побунетото шиитско племе Хуси и одментатите војници на претходниот претседател.
Како поранешен уредник на влијателниот весник al-Watan и на истоимениот телевизиски канал, Кашоги со години се сметаше за близок на саудиското кралско семејство и своевремено беше советник на повеќе високи функционери. Но по апсењата не неколку негови пријатели, откажана му е колумната во весникот al-Hayat и наводно е предупреден да престане да користи Twitter. Кашоги ја напушти Саудиска Арабија и замина во САД каде што објавуваше написи во The Washington Post и се појавуваше на арапските телевизиски канали во западните земји.
„Го напуштив својот дом, семејството и работата, но не престанав да говорам. Во спротивно, би ги предал оние коишто лежат во затвор. Јас барем можам да зборувам, додека многу од нив не можат“, напиша во септември 2017 година.