Саудиска Арабија ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно да ги воведе санкциите кон Техеран.
Официјален Ријад ја повика меѓународната заедница да заземе цврст и единствен став кон Иран.
„Иран ги искористи економските придобивки… и ги употреби за продолжување на своите дестабилизирачки активности во регионот, посебно преку развивање на балистички ракети“, се посочува во соопштението на официјален Ријад.
Саудиска Арабија, чијашто елита го практикува ригидниот вехабитски облик на сунитскиот исламот а има значајна шиитска заедница, ја предводи сунитската коалиција која се бори против јеменските бунтовници од шиитското племе Хути и побунетите војници приврзаи на поранешниот сунитски претседател, кои се поддржани од домонатно шиитски Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.