![ријана](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/rijana.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Познатата пејачка Ријана соопштила дека е безбедна по терористичкиот напад во Ница, која во моментот на нападот била во овој француски град. Таа во четвртокот стигнала во Франција, а денеска требала да има концерт.
– Ријана е добро – кратко соопштил нејзиниот портарол.
Ријана во средата навечер имала концерт во Милано, а потоа заминала за Ница, каде што требала да настапи во петокот навечер. Концертот е откажан по терористичкиот напад.