
Суперѕвездата Ријана (27) жнее успеси во бизнисот и нема време за љубовни предизвици, пишуваат американските таблоиди.
Веќе неколку месеци се пишуваше дека е во тајна врска со славниот актер Леонардо Ди Каприо, а има гласини и дека се преселила во неговата вила.
Но, откако портпаролот на Лео порача дека тој не е во врска со убавицата од Бардбадос, сега се огласи и самата Ријана:
– Мислам дека не би требало да верувате на озборувања, секогаш сте излажани, изјави Ријана за „Хелоу“.
Таа сега е посветена на работата и го објави новиот сингл „Bitch Better Have My Money“ кој премиерно го изведе во живо на iHeart Radio наградите, а стана и заштитно лице на Диор и го презеде креативното водство на Пума.