Рикардо ја прекина доминацијата на Розберг и Хамилтон

Австралиецот Даниел Рикиардо (Ред Бул) победи на трката за Големата награда на Канада што е негов прв триумф во кариерата во ова натпреварување.. Со оваа победа Рикардо ја прекина доминацијата на пилотите на Мерцедес Хамилтон и Розберг на првите шест реки од шампионатот.

Возачите на Мерцедес започнаа доминантно од првите две позиции, но Хамилтон иако имаше подобар старт, немаше доволно простор во првиот свиок за да излезе пред Розберг, па дури и загуби позиција во однос на Фетел бидејќи се најде на погрешната линија на движење.

Розберг долго водеше, а во прилог му одеше И тоа што колоната на болиде пред него ја предводеше Серхио Перез ( Форс Индија) Но, на пет круга до крајот Рикардо го престигна, а на два круга до целта, го мина и Розберг. Фетел исто така го помина болидот на Форс Индија при влезот во последниот круг, а тогаш се случи судир меѓу Маса и Перез, поради што трката заврши онака како и што почна – со возило за безбедност.

Џенсон Батон го зазема четвртото место,пред Хулкенберг и Алонсо, додека меѓу првите десет кои освоија бодови беа и Ботас, Верње, Магнусен и Раиконен.

Розберг со новите 18 бода ја зголеми предноста во генералниот пласман, па сега води со 140, пред Хамилтон со 118. Рикиардо го презема третото место од Алонсо и сега има 79 бода. Мерцедес е лидер кај конструкторите со 258 поени, додека ред Бул се зацврсти на втората позиција и сега има 139 бода, наспроти Ферари со 87 бода.
Следната трка се вози за Големата награда на Австрија на 22 јуни,