Австралискиот пилот во Формула 1, Даниел Рикардо од тимот на Ред Бул од првата позиција ќе ја започне трката за Големата награда на Мексико во Светското првенство која е на програмата во недела.
На Рикардо во првиот ред друштво ќе му прави клупскиот колега, Холанѓанецот Макс Ферстапен, кој за само 26 илјадинки ја испушто можноста со 21 година да стане најмладиот возач кој остварил „пол-позицја“ во историјата. Водечкиот во генералниот пласман, Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес и неговиот најблизок ривал Германецот Себастијан Фетел од Ферари, ќе ја почнат трката од вториот ред.
За Хамилтон во недела е доволно само да ја заврши трката меѓу седумте првопласирани за да ја освоите петтата титула светски првак, четврта во последните пет години, а втора последователна.