Рим ја обновува Tрајановата базилика благодарение донација од санкциониран руски олигарх

Импозантните столбови на римската Трајановата базилика, кои се издигнуваат на форумот на овој римски император близу Колосеумот, делумно ќе бидат обновени благодарение на донацијата на рускиот олигарх Алишер Усманов, кој моментално е под санкции од Западот.

Реставрацијата на дел од базиликата Улпија, која се издигнува над древниот италијански град повеќе од илјада години, ќе ја врати величественоста на оригиналниот мермерен споменик.

Иако повеќето дела на античките локалитети во Рим ги принудуваат туристите да се наведнат за да ги видат откриените знамнитости, реставрацијата на ови коринтски столбови на две нивоа бара од гледачот да го подигне погледот кон небото, високо повеќе од 23 метри.

„Ако посетителите не ја искусат нивната височина, тие дури и не можат да го разберат значењето на таа архитектура“, вели Клаудио Паризи Пресис, конзерватор на културното наследство во Рим.

Базиликата Улпија, градба без религиозно значење во тоа време, е најатрактивниот дел од Форумот на Трајан, најголемиот и последен од царските форуми и именуван по Маркус Улпиј Трајан, римски император од 98 до 117 од нашата ера.

Отворен во вториот век, во поголемиот дел се урнал во средниот век, но повторно ја видел светлината на денот во ископувањата извршени на почетокот на XIX век, а потоа и во 30-те години на ХХ век.

Последниот проект, започнат во 2021 година, овозможи идентификација на три мермерни столба потпрени во еден агол повеќе од 100 години, без поврзаност со нивните темели.

Во 2015 година за овој проект сума од 1,5 милиони евра издвоил рускиот олигарх со узбекистанско потекло Алишер Усманов. Означен како близок до рускиот претседател Владимир Путин, тој се најде под санкции на САД и ЕУ. Магазинот Forbes го процени богатството на Усманoв, стекнато во металуршката и рударската индустрија, на 14,4 милијарди долари.

Во 2021 година, британски The Sunday Times го прогласи за „најдарежлив динатор“ откако донирал 4,2 милијарди долари во добротворни цели во текот на 20 години.