Во текот на вчерашниот ден, по претходна пријава извршен е координиран увид во правното лице „Римес” од страна на инспектори за животна средина на Општина Гази Баба и надлежни институции информираше во чевртокот, Бобан Стефковски, градоначалникот на споменатата скопска опшина и порачува дека „нема да има компромис“ во заложбите за чистиот воздух и здравјето на жителите.
Како шо информира Сефковски, при направениот увид веднаш е стопиран со работа котелот за загревање на погон кој бил предмет на пријавата. Притоа е поведена е инспекциска постапка согласно Закон за управување со отпад и Закон за животна средина од страна на надлежни институции во чија надлежност е одобрената Б-интегрираната еколошка дозвола која ја поседува правното лице „Римес”.
Градоначалникот на Гази Баба објави и дека според информациите што ги поседува, веќе во четвртокот утрото на споменатото павно лице му било изречена глоба.
„Сум кажал и ќе повторам, компромис со животот и здравјето на граѓаните ниту сум правел, ниту ќе правам! За секое утврдено прекршување на Законот ќе следува санкционирање“, порачува Стефковски.