Римски Лацио во карантин

EPA/ETTORE FERRARI

Фудбалерите на италијанскиот прволигаш Лацио од саботата се наоѓаат во карантин, откако меѓу играчите се откриени повеќе случа на зараза со коронавирусот, објави клубот на своите официјални страници на интернет.

Лацио во средата го играше натпреварот во рамките на Лигата на шампионите во Бриж со десеткувана екипа, при што беа споменувани „сомнителни случаи“, а клубот првпат ја потврди заразата со коронавирусот во пресрет на дуелот кај Торино во недела.

Од Лацио не го наведуваат точниот број или идентитетот на корона-позитивните играчи.

Неколку играчи од првиот тим, како што се напаѓачот Чиро Имобиле и играчите од средниот ред Луис Алберто и Мануел Лаѕари, не отпатуваа во Белгија каде што „Небесносините“ освоија бод против Клуб Бриж (1:1).

Засега нема информации за одложување на дуелот во недела против Торино, а во вторник Лацио го очекува гостување кај Зените во Санкт Петербург во третото коло од Лигата на шампионите.