Истиот ден кога Горниот дом на рускиот Парламент одобри распоредување на трупи во Сирија, спроведени се првите воздушни напади врз позиции на ИД во земјата.
Руското Министерство за одбрана објави видео кое прикажува напад на воено летало на ИД во Сирија. Москва порача дека во средата се погодени најмалку осум цели, и дека координативниот центар во планините е целосно уништен.
Вкупно 20 борбени летови спровеле руските сили во средата, истиот ден Горниот дом на Парламентот одобри распоредување на трупи во Сирија на барање на рускиот претседател Владимир Путин.
Од руското Министерство порачаа дека цели биле воена опрема, комуникациски центри, и складишта на оружје и гориво кои припаѓаат на терористите на ИД, објави Раша тудеј.