Ристески: На онкологија досега немало олку нови лекови како годинава и претходната

Ристески

Терапијата за малигни заболувања на бубрег и кожа веќе е воведена и достапна на пациентите, а годинава ќе бидат воведени и лекови за рак на дојка, рак на дебело црево, рак на црн дроб и два лека за рак на бели дробови.

Имено терапијата за рак на кожа, што чини околу 8.000 евра месечно и за рак на бубрег, што чини околу 3.000 евра, а пациентите претходно морале сами да ја набавуваат, сега е достапна и тие ја добиваат бесплатно во рамки на здравственото осигурување.

На оваа тема во информативниот блок на ТВ НОВА зборуваше директорот на онкологија Милан Ристески.