Прилеп за година ипол ќе биде опфатен со гасификација каде компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс, изјави денес актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески.
„Изградена е делницата на гасоводот до Штип-Неготино, а во наредниот период треба да продолжи делницата Неготино-Битола преку Кавадарци и Прилеп во должина од 92 километри во вредност од 37 милиони евра. Проектот започна со претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и треба да биде завршен до крајот на 2018 година, рече Ристески.
Посочи дека истражувањето на пазарот било направено преку граѓаните, економскиот совет на општината, стопанските комори и регионалната занаетчиска комора, при што бил увиден интересот за гасофикација.
„Ова ќе биде значаен капитален проект за Прилеп, за домаќинствата и посебно за развојот на економијата, бидејќи преку обезбедувањето на поевтини енергенси и заштита на животната средина ќе се овозможи поголема конкурентност на прилепските компании и поквалитет живот“, вели Ристески.
“