Прво треба нешто вашата влада да изгради за да може да брани, а да напаѓате некој претходно изграден проект. Вие нема да градите, да ви биде јасно, вие само ќе потпишете штетен договор и ќе ги смените законите, за да не важат истите и некој од вашата врхушка како што кажав ќе лапне дебела провизија и потоа ќе одговара, ова денеска од собраниската говорница го истакна Петар Ристески, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еве, да ве прашам, вие нешто дома доколку сакате да градите, дали прво треба да изградите одобрение за градба од општина или откако ќе изградите трикатница или петкатница надвор од законските прописи. Вие нема да плаќате затоа се расфрлате народните пари и ги крадете и затоа некој кој украл ќе одговара“, праша Ристески.
Додаде дека никаде не се гради, а со овој закон цената за километар автопат власта само придонесува да достигне рекордни 18 милиони евра што е невидена досега во светски размери.