Ристески: Во 2016 година акцентот го ставивме на развојот на економијата во Прилеп

Ристески

Во тој контекст во текот на 2016 година како и во минатата, акцентот го ставивме на развојот на економијата и на отварањето на нови работни места.

Во 2016-та година се изгради комплетно инфраструктурата во Слободната економска зона – ТИРЗ Прилеп, инвестиција на Дирекцијата за технолошко индустриски зони и Владата на РМ, тешка 147.600.000 денари. Со што се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациона мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се она што е потребно за нормално функционирање на зоната

Во ТИРЗ Прилеп започна со работа мултинационалната компанија, американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра каде во моментот работат над 800 работници

Во 2016 во ТИРЗ Прилеп, се изгради и објектот на германската компанија „Акомпласт“ која наскоро треба да започне со работа. Вкупната инвестиција изнесува 3 милиони евра. Во иднина се очекуваат над 150 вработувања

Се финишираат преговорите со две нови мултинационални компании кои покажуваат интерес за инвестирање во ТИРЗ Прилеп

Се изгради поголем дел од инфраструктурата во Индустриската зона Прилеп 1 со средства обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа во висина од 27 милиони денари како и гранд од Светска банка во висина од 124 илјади евра. Во оваа зона претходно беа продадени 21 локација. Во зоната моментално со работа се започнати две компании, а уште десетина се во изградба. Оваа зона во иднина се очекува да обезбеди над 1.000 вработувања

Изработен е новиот ДУП за Индустриската зона Прилеп 2 каде веќе се продадени 5 локации од вкупно 14 за изградба на помали економски капацитети (стоваришта и мало стопанство) кои во иднина ќе овозможат нови вработувања, а продажбата на локациите ќе продолжи и во текот на оваа 2017-та година

Во 2016 година во нашиот град се отворија околу 1.000 нови работни места

Во 2016 година започна имлементацијата на измените и дополнувањата на генералниот урбанистички план со кого опфатот на градот е зголемен за 388 хектари. Со новиот ГУП се обезбедени поголеми површини во зоните за домување и индустрија со што се нуди поголема развојна урбанизација на Прилеп според потребите на граѓаните и бизнис секторот.

Прилеп остана лидер во легализaцијата на дивоградбите. Досега се легализирани над 9.000 објект, од кој само во 2016 година се донесени 1.000 решенија за легализација

Во соработка со Владата на РМ и Министерството за Транспорт и врски започна капиталната инвестиција, изградба на експресниот пат Градско – Прилеп, чија должина ќе изнесува 33,5 км, а инвестицијата ќе чини околу 80 милиони евра

Во 2016 во општина Прилеп се асфалтирани12 км улици, општински и државни патишта меѓу кои позначајни се: изградбата на локалниот пат до н.м Волково, како и надградбата и комплетната реконструкција на стариот пат за Битола, од Прилеп до н.м Тополчани и голем број на улици во различни населби низ градот и населените места

Се изгради парк-плоштадот во Г. Коњари, се реконструираше улицата „Републиканска“ заедно со цветните патеки во старата чаршија, се изгради плоштад пред црквата Св. Петка, започна изградбата на плоштадот пред џамијата во населба Тризла, а во тек е изградбата на музичкиот парк-плоштад. Вкупно во 2016 година се изградени 3.350м2 плоштадни површини

Прилеп продолжи да биде еден од најштедливите градови во Р. Македонија. Се постави ново улично осветлување на улиците: „11-ти Октомври“, дел во градинката во населбата Тризла, ул. „Архимедова“, ул. „Александар Македонски“ул. „Тетовска“, „Цане Кузманоски“, „Ило Попадинец“ул. „Београдска“, ул. „Трајко Николоски“, околу зградите во населба Вишне на ул. „Наум Наумоски Борче“, со вкупно инвестиција од 3.250.000 денари

Градот доби нов пешачки мост во кој што ја поврзува населбата Ѓордере со ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Инвестиција од 1.6милиони денари

Исто така го реконструиравме мостот кај ООУ „Кочо Рацин“ кој доби нова ограда, канделабри и пешачки патеки.

Инвестирани се 3 милиони денари во изградба на потпорни ѕидови на улиците: „Преспанска“, „Илија Игески“, „Александар Македонски“ и „Ило Полутешка“ кои придонесуваат за побезбеден сообраќај во градот.Набавени се и 305 табли за означување на улици и 1.960 табли за нумерирање на објекти

Се продолжи со реконструкција на водоводната и канализациона мрежа во градот со сопствени средства од ЈКП „Водовод и канализација“

За прв пат се изгради ново корито во горниот тек на градската река во должина од 700метри. Инвестиција од 300 илјади евра, пари кои што се дел од првата фаза на замената на канализационата мрежа во Прилеп. Исто така се извадија и 20.000 м3 земја во долниот тек на градска река во должина од 300 метри. Општина Прилеп заедно со ЈКП „Водовод и канализација“ и ВС „Прилепско Поле“ исчисти голем број на канали и водотеци како мерка за заштита од поплави

Продолжи реализацијата на капиталниот проект „Рехабилитација на канализациска мрежа“ и изградба на пречистителна станица. Проект вред околу 25 милиони евра. Лани како дел од овој проект беа заменети 23км примарна канализациона мрежа – главни колектори во повеќе делови од градот, а се изградија и повеќе километри канализациона мрежа од втората фаза на проектот

Во 2016 година изградени се нови 17.000 м2 парковски површини во населбите: Бончејца, Точила 2, Под Касарни, во н.м Ново Лагово, а нови парковски површини се изградија и во СОУ „Ѓорче Петров“ и во ООУ „Добре Јованоски“.

ЈКП „Комуналец“ подели и нови 2.800 канти за примарна селекција на отпадотво 1.400 домаќинства

Заврши целосната трета фаза од допокривање на пазарот, со што тој доби современ лик. Во 2016-та година беа допокриени 800 м2 инвестиција од 4 милиони денари, апарите беа обезбедени од Центарот за Пелагониски плански регион

Во образованието инвестиравме 1 милион евра во следните проекти: изградба на нова спортска сала во ООУ „Добре Јованоски“, целосна реконструкција на СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, гиманзијата „Мирче Ацев“ доби ново тениско игралиште, ООУ „Блаже конески“ доби комплетно нова надворешна дограма, се реконструираа санитарните јази и електричната енергија во ООУ „Рампо Левката“, се реконструираше училницата во подрачното училиште во Селце, а се реконструираше и ПУ „Кирил и Методиј“ во н.м Подмоп. Нови санитарни јазли доби и ПУ „Страшо Пинџур“ во н.м Кадино Село, комплетно се реновираше музичкото училиште и се набави нов клавир, а старото училиште Кочо Рацин во населбата Рид доби ново дворно место.

Ги проширивме капацитетите на градинките за над 100 места. Се отвори градинката во Работнички универзитет, а отворивме и две новиградинки во населените места Канатларци и Беровци. Наскоро ќе биде отворена и градинката во Големо Коњари

После повеќе децении започна комплетната реконструкција на општата болница „Борка Талески“ во соработка со министерството за здравство проект вреден 70 милиони денари кој вклучува и набавка на современи медицински апарати

Но, бројни инвестиции се направија и во Здравствениот дом – Прилеп ( уредот ), како и во „Центарот за јавно здравје

Се продолжи договорот со домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ за проектот „Супер Марио“ во кој се вклучени 13 волонтери кои секој ден се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица

После една деценија Прилеп, доби нова социјална зграда каде свој дом добија 76 семејства од социјално ранливите семејства. Изградбата на зградата чинеше 135 милиони денари

Не ги заборавивме ниту нашите културно историски вредности. Се изгради и освети црквата „Св. Пантелејмон“ во кругот на општата болница, а се продолжи со изградба на црквите „Св. Петка“ и „Св. наум Охридски“. Во соработка со Министерството за култура и Завод и музеј Прилеп се реконструираше манастирот Зрзе, се изгради источниот конак во манастирот „Св. Архангел Михаил“ – Варош, продолжија зафатите за реконструкција на црквата во манастирот Св. Никола во Мариово, а со голем интензитет започната е изградбата на опожарените конаци на манастирот Трескавец.Проект вреден околу 120 милиони денари

Прилепските великани конечно добија свои споменици: Методија Шаторов – Шарло, а споменик на кралот Марко се постави во центарот на градот

Се зголеми библиотечниот фонд во градската библиотека „Борка Талески“, а се набави нова опрема и компјутери со што ова установа прерасна во современ мултимедијален центар

Продолжи реализацијата на големиот број културни манифестации и фестивали: Пивофест, Џез фестивал, КарневалотПрочка, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, фестивалот за народни песни и инструменит „Пеце Атанасоски, Мариовско мегленските средби… кои секоја година носат илјадници посетители

Прилеп продолжи да биде центар на екстремните спортови како што се параглајдингот, болдерингот, планинскиот велосипедизам, планинскиот ултра маратон, мото крос трките, трофи со џипови, high line…

Продолжи големата поддршка на општина Прилеп во спортот и спортските дисциплини. Се отвори новата спортска сала во ООУ „Добре Јованоски“ и тениското игралиште во Гимназија „Мирче Ацев“. А континуирано продолжува и поддршката на општина Прилеп на спортските клубови особено на нашите два најголеми брендови ФК „Победа“ и РК „Прилеп“.

Започна реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“ инвестиција која ќе чини над 1,5 милиони евра. Стадионот ќе добие нови трибини и нов терен

За 2017-та година предвидовме реализација на голем број на инвестиции на локално ниво со што ќе продолжи трендот на развојот на Прилепво секој поглед, а градот ќе го задржи приматот како една од најдинамичните општини во Македонија.

Во 2017 година предвидено е:

Изградба на нови погони на компанијата Гентерм и Акомпласт, како и влегување на нови фабрики во ТИРЗ зоната кои ќе овозможат најмалку нови 1.000 работни места.

Одржување и заштита на локални и регионални патишта на територијата на општина Прилеп за што се предвидени 71,5 милиони денари.

За одржување на јавното осветлување, негова реконструкција и изградба се предвидени 33 милиони денари.

За реконструкција на градскиот стадион како дел од заедничкиот проект со УЕФА, ФФМ и општина Прилеп предвидени се 30 милиони денари од буџетот на општината.

За поддршка на културните манифестации и изградба на споменици 12,5 милиони денари. Ќе бидат поставени споменици на : Мирче Ацев, Битката на Ножот, а ќе биде дополнета и Алејата на народни херои на Могилата.

Аплицирано е до Светска банка и се чека конечен одговор за проектот за изградба на булеварска улица „11-ти Октомври“ и мост Табана на кој што ќе има кружен тек со што ќе се добие современ изглед и растеретување на сообраќајот во овој дел на градот. Проект вреден 2 милиони евра.
Ќе се изгради нов пешачки мост, а ќе се реконструира и мостот на улицата „Димо Наредникот“. Ќе се изгради и капиталната улица „Кеј 1-ви Мај“ на потегот од стара автобуска станица до населбата Сточен пазар.

9,6 милиони денари се наменети за завршување на започнатата изградба на подрачното основно училиште во населбата Сточен пазар.

За оваа година планирано е да започне реконструкцијата во нова градинка во „Рампо Левката“ каде ќе бидат вложени 3 милиони денари. Тендерот е во тек и по изборот на фирма ќе се започне со изградба на новиот капацитет кој ќе донесе дополнителни 100 нови места во детските градинки.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Владата на РМ ќе започне изградбата на градинка во населбата Точила која ќе има капацитет за над 300 деца.

Заедно со Министерството за образование ќе бидат реализирани следните капитални проекти:
Изградба на спортска сала во ООУ„Кире Гаврилоски- Јане“
Реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Гоце Делчев“
Промена на дел од дограмата во гиманзијата „Мирче Ацев“
а ќе се реализираат и уште многу нови проекти во сите училишта кои ќе го подобрат кавалитетот на образованието.

Во 2017 година ќе заврши проектот изградба на пречистителна станица и канализациони системи со што градот ќе добие нова подземна и надземна инфраструктура и чиста река.

11,5 милиони денари ќе бидат дадени за изградба на кејски ѕидови на градска река.

7 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на тротоари и пешачки патеки во различни делови од градот.

Ќе продолжи соработката со јавните претпријатија со цел добивање на поквалитетни услуги на граѓаните, подобро водоснабдување, почист и посреден град, поуреден пазар и многу други проекти ќе бидат реализирани како и досега.

Јавниот градски превоз ќе добие нови автобуси и ќе биде проширен со нови линии

Со цел за подобрување на условите за живеење и престој на старите лица во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, во наредниот период ќе се изврши реновирање наприземниот дел од установатаипросториите со што ќе бидат создадени помодерни и посовремени услови за престој на старите лица. За реализација на овoј проект се планирани средстава од Владата на Република Македонија и Општина Прилеп во висина од 10.000.000 денари.

За противпожараната едница ќе се обезбебеди нов мебел и инвентар и нова опрема

Општина Прилеп ќе продолжи со инвестиции во нова спортска инфраструктураво изградба и доизградба на стадионите во Алинци, Големо коњари, Галичани и Канатларци

Ќе се изградат неколку повеќенаменски игралишта како и пет нови баскет игралишта

Се планира и изработка на нови ДУП-ови за 150 хектари.

Оваа година ќе биде поставен и камен темелникот за фабриката за секундарна селекција на отпад кај депонијата „Алинци“, со што Прилеп ќе биде прв град во РМ со секундарна селекција на отпадот.

-Ќе се реализираат и стотици други проекти кои ќе значат добивање на уште поголем квалитет на животот во општина Прилеп. Почитувани сограѓани заедно продолжуваме да ја градиме општина Прилеп, додаде Ристески.