Се надевам дека интегритетот на Специјалното јавно обвинителство нема да биде нарушен од можните сомненија, изјави обвинителката Ленче Ристовска, на денешната прес конференција во СЈО, по истрагата во која е наводно вмешана шефицата на СЈО, Катица Јанева, а во која вчера беа уапсени менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.
Во име на сите обвинители кои стојат зад мене и во име на целиот истражителски тим, сакам да ве уверам дека примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО и дека секогаш сме постапувале согласно законските прописи и да бидеме на ниво на задачата и ќе продолжиме да го истражуваме криминалот, изјави денес обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска.
„Стоиме за работата што сме ја завршиле и сите постапки за кои имаме судења не се доведени во прашања и нашите постапувања се во рамки на законските прописи. Ве информирам дека внимателно седиме се и изразување голема загриженост и апелираме да се почитува нечелото на презумција на невиност и се приклучувам на повикот на државниот јавен обвинител секое лица да пријави се што има и сакам да потенцирам дека сме отворени за соработка со колегите и за се што маме како информација сме тука за да им помогнеме на колегите од организиран криминал. Потенцирам дека сите можни сомненија на кои работи ова обвинителство, не смеат да ги доведат во прашање постапки и останува цела работа на СЈО и верувам дека ќе има и уште осудителни пресуди”, изјави Ристовска.
Таа појасни дека е тука во нејзино има и во има на СЈО и го почитува начелото на презумција на невиност.
„Нема информации дека специјалната обвинителка е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи”, додаде Ристовска.
Одговарајќи на новинарски прашања, таа кажа дека во СЈО не биле претходно информирани за оставката и за намерите на Јанева и дека тоа им било соопштено во исто време кога било изнесено во јавноста.