![spiro-2-640x326](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/spiro-2-640x326.jpg?resize=640%2C326&ssl=1)
-Една од политиките кои ги воведовме беше задолжително основно и средно образование. Пред 2006 беше 2000 евра за студирање на факултетите. Ги намаливме партиципациите на 200 до 400 евра за да можат учениците да размислуваат и за високо образование. Како одминуваат години доаѓаме до европскиот стандард. 71 % од студентите кои се запишуваат на факултет го продолжуваат и завршуваат високото образование. Образованието е еден од петте приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.
Тој посочи дека во 2006 година во буџетот на Р.Македонија за образованието беа одвоени 16 милијарди денари, додека сега за образованието се одделуваат 10 милијарди денари денари повеќе.
Ристовски потенцираше дека до 2006 не беше изградено ниту едно ново училиште во Р. Македонија , а од 2006 до сега се изградени 74 комплетно нови училишта и реконструирани се повеќе од 400 училишта.