Вардар на денешниот прес го најави дуелот против ППД Загреб во Лигата на шампионите, но на истиот беше објавено дека искусниот Борко Ристовски ќе го брани голот на првиот тим уште една сезона.
Поранешниот македонски репрезентативец ставил потпис на дополнителна година и ќе го гледаме меѓу стативите и наредната сезона, во која вели дека главна цел ќе му биде да им помогне на Томовски и Гогов.
– Јас сум голман и човек кој смета дека е време да им се даде шанса на младите. Не знам уште колку ќе бидам активен, но среќен сум што останувам тука.
– Среќен сум што го гледам развивањето на Томовски, сега работиме со Лосерт и станува уште подобар. Со Лосерт се развива и Гогови и оваа позиција во Вардар сега ни е сигурна.
– Двајцата стануваат голмани од светски калибар, Гогов е млад, а Томовски сметам дека веќе е во топ три во Лигата на шампионите, – порача Ристовски на прес-конференцијата.