
Македонија со високо кренати глави си заминува. Честитки за Португалија, но ова беше авантура во која никој не веруваше и јас сум горд сум на овој тим, на оваа екипа, зашто го шокиравме светот. Сега треба да продолжиме да работиме и да веруваме, истакна капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски.
Капитенот на македонската фудбалска селекција изрази оптимизам за иднината на оваа генерација репрезентативи и покрај поразот во Порто од 0:2 во решавачкиот натпревар за историски пласман на Светско првенство.
„Кога играте против вака големи тимови, не смеете да погрешите. Со играчи како Бруно Фернандеш и (Кристијано) Роналдо не смеете да потфрлите, но тоа се случи и Португалија искусно го искористи. Дадовме сè од себе за да израмниме, но примивме уште еден гол“, истакна Ристовски.