![Prilep_centar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/Prilep_centar.jpg?resize=480%2C340&ssl=1)
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска ќе остварат посета на општина Прилеп.
Ристовски, како што информираат од МОН, ќе ги посети ОУ „Кире Гавриловски – Јане“ каде е поставен нов систем за греење и новоизграденото подрачно основно училиште „Круме Волнароски“ во село Галичани.
Мисајловски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе присуствува на пуштањето на употреба на локалниот пат село Лениште-манастир Св. Петка и на локалниот пат Прилеп-Маркова чешма.