Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, во интервјуто за Нетпрес, зборува за своите очекувања од претстојните парламентарни изборни резултати, нагласувајќи дека неговата политичка партија поставила нови правила во политичката игра.
Според него, на претстојните парламентарни избори народот и овој пат ќе го направи вистинскиот избор.
„Како политичка структура се обидовме да воспоставименови критериуми и систем на работа. Понудивме проекти, реформи, конкретна политичка програма пред граѓаните. Направивме и дополнителен исчекор во полед на целокупната политичка мисла во Македонија – процесот на отчетност. Уверен сум во капацитетот на структурите со кои соработувам како дел од политичката партија, а сметам дека и овој пат ќе понудиме вистински решенија. Очекувам дека и овој пат народот ќе го направи вистинскиот избор“, вели Ристовски.
Во интервјуто, тој говори и за новите реформи во образовнието, како што се СМС пораките за родителите, електронскиот дневник, советувањето за рдителите, со цел подобрување на квалитетот во македонските училишта.