Долгогодишниот прв голман на македонската ракометна репрезентација и дел од РК „Вардар“, Борко Ристовски, упати видео порака до граѓаните на Македонија во овој тежок период да не се заборави да и’ се помогне на македонската економија.
„Мора сите да останеме здрави за да го победиме овој вирус. Затоа мојата порака е: Останете здрави, вежбајте секаде каде што можете меѓутоа во изолација и да не го заборавиме најважното, да помогнеме на македонската економија – Kупувајте македонски производи“, вели Ристовски.