Власта креира страв кај судиите, а ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет. СДС сака да инсталира партиски кадри за целосно и апсолутна контрола и да креира уште една алатка за пресметка со своите политички неистомисленици, изјави на денешната прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ристовски посочи дека против актуелниот премиер и челникот на СДСМ во моментов се водат судски предмети, и доколку биде докажана неговата вина, според законите треба да подложи на тешка правна санкција. Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, потсети и на видео материјалите од кои може да се заклучи дека актуелниот премиер Заев бара мито од 200.000 евра и против тоа се води случај на суд, но и случаите „Глобал“, „Цареви кули“, „Тендерите“ во општина Струмица.
„Затоа е потребно контролирано судство, за личен спас, но и креирање на монтирани случаи“, посочи Ристовски.
Според него, СДСМ креира состојба на страв кај судиите, и поради споменатите случаи ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет.
„СДС сака да инсталира партиски кадри за целосно и апсолутна контрола и да креира уште една алатка за пресметка со своите политички неистомисленици“, предупреди Ристовски.
Рече и дека изминатите години сите законски решенија и реформи коишто ВМРО-ДПМНЕ ги направила во судството и судскиот систем, биле усогласени со ЕУ и произлегле од процесот на прилагодување на евопската регулатива. Оттаму, од партијата сега очекуват реакција од ЕУ на планот на СДСМ за партизирање на судството.
„Ова што сега сака да го направи СДС е веќе видено. Во претходните нивни мандати имаме искуство во кои што Македонија доби 617 судии со едно гласање без присуство на опозицијата кога токму СДС управуваше со државата. Тоа партиско судство ја амнестираше најкриминалната транзиција во Jугоситочна Eвропа, за која никој не одговaраше. И денес е истата намера, и денес СДС сака да се врати времето кога судските пресуди се диктираа во партиските кабинети.ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го дозволи ова! Нема да дозволиме поништување на правниот поредок во државата“, порача Ристовски.