Ристовски: Се гради нова спортска сала во СОУ “Перо Наков“ во Куманово

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил објави дека станува збор за инвестиција вредна 23 милиони денари со која, учениците од ова училиште ќе добијат модерен спортски објект со површина од 650 квадратни метри, целосно опремен за реализација на повеќе спортови – кошарка, мал фудбал, ракомет, одбојка, гимнастика и пинг понг.

kamion-gradi-640x480

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дополнително, салата ќе можат да ја користат и локалните спортски рекреативци, како и спортските клубови за тренинзи, но и за професионални натпревари.

gradba sala kumanovo1

Ристовски информираше дека согласно планот за работа, активностите ќе бидат целосно заокружени на почетокот на 2018 година.