ВЕТЕНО И РЕАЛИЗИРАНО! Министерот Борко Ристовски објави дека е завршена санацијата на паркот во Ајдучко маало во Тетово, напиша на Фејсбук министерот за спорт, Борко Ристовски.
Завршена е санацијата на паркот во Ајдучко маало во центарот на Тетово кое сега блесна во ново руво, соопшти министерот за спорт Борко Ристовски
„Ветено сторено! Од руината што ја затекнавме во центарот на Тетово, сега граѓаните имаат комплетно уреден простор за спорт и рекреација.
-Санирано е кошаркарското игралиште на кое е поставена акрилна површина во четири слоја на вкупна површина од 200 м2, заштитна мрежа на челичната конструкција на оградата, нова табла и обрач.
– На фудбалското игралиште поставена е вештачка трева по ФИФА стандарди за мини фудбал.
– Поставена е урбана опрема во паркот, нови клупи и корпи.
– Во фитнес зоната поставена е нова подлога и фитнес реквизити, а на детското игралиште реконструирани се постоечките реквизити“ – објави Ристовски, истакна Ристовски.
На барање на граѓаните, на 15 август, министерот Борко Ристовски го посети руинираното спортско игралиште во паркот Ајдучко маало во центарот на Тетово, вети негова реконструкција и веќе наредниот ден почна санацијата. Се презедоа брзи и ефикасни мерки и сега спортското игралиште е целосно обновено и ставено во функција, додава Ристовски.