Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина!“ на Канал 5 Телевизија, гостуваше колумнистот и аналитичар Александар Ристовски, каде во однос на последиците од руско–украинскиот конфликт посочи дека ние ќе претрпиме огромни штети од оваа криза.
„Ние ќе претрпиме огромни штети од оваа криза, очекувам страшни проблеми во земјоделието. Ако актуелната Влада не преземе мерки каде итно ќе најде пласман на други пазари тогаш руралните средини кај нас ќе бидат растурени максимално“, рече Ристовски.
Ристовски потенцираше дека доколку претседателот на државата знаел или бил информиран пред 4 или 5 месеци за конфликтот помеѓу Русија и Украина тогаш како во одредени аспекти не се обезбедени залихи. Доколку ние имаме залихи како што тврдат тогаш зошто имаме ненормален раст на цените на сѐ, зошто вртоглаво растат цените и зошто тогаш замрзнувавме цени?
„Власта тера по свое и одат популистички на задоволувањето на потребите на сопственото гласачко тело. Ние имаме проблем што политиката многу често нема визија и не ја слуша интелектуалната јавност и научниците. “, заклучи Ристовски