Ристовски истакна дека со новата програма „Реално“ повторно се предвидени мерки со кои се унапредува животниот стандард на пензионерите.
– За сите категории пензионери е предвидено зголемување на пензијата од најмалку 10,25 отсто во текот на следните 4 години. Исто така предвидено е продолжување на проектот за бањско-климатска рекреација, како и многу други проекти кои ќе се реализираат за потребите на пензионерите, истакна Ристовски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со големата поддршка на пензионерите, за разлика од, како што рече, другите политички партии кои во неколку наврати ги намалиле пензиите и нанеле голема финансиска штета на македонските семејства.
Исто така, Ристовски информираше дека е изготвен и проект за изградба на пензионерски дом во Кочани и извршена е промена на Урбанистичкиот план, додавајќи дека преостанува да се изготви финансиската конструкција и потоа да се започне со градежните активности.