Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски по мечот го потенцираше единството кое владее во македонската селекција.
„Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец, црн или бел, тука има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до овој успех“, рече Ристовски.
„Чувството е прекрасно, полн сум со емоции и горд сум за овој успех. Притисок имаше, Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за пласман на големи натпреварувања. Денес Македонија уште еднаш му ги отвори очите на фудбалскиот свет. Квалитетот излезе на површани, имаме одлични играчи кои се носители во своите екипи и мило ми е што го израдувавме овој народ“.
Откако Македонија успеа да го освои второто место и да избори бараж, Ристовски откри еден интересен детал.
„Капитенската лента која ја носев, ја носеше и Горан Пандев со Холандија на Европското првенство, ја земав топкму таа и, ете, ни донесе среќа. Пред натпреварот ми се вратија сцените од Грузија, драго ми е што повторно ја израдувавме Македонија“, рече капитенот.