Поранешната sвезда на Барселона, Ривалдо го обвини Лионел Меси за неуспехот на неговиот сонародник, Филипе Кутињо на „Камп Ноу“.
Бразилецот не успеа да се докаже и веќе замина во Баерн (Минхен), а според Ривалдо, Меси има голема вина за тоа.
– Не е лесно да се докажеш заедно со фудбалер, од кој зависи сè во еден тим. Тој ги собира заслугите и тешко е да бидеш забележан. Можеби му беше потребно повеќе време и трпеливост за да се докаже, објасни Ривалдо.