Ривалството продолжува – Stones и Beatles на аукција

Може ли едно од најпознатите ривалстава во светот на рок-музиката конечно да биде измирено, барем кога станува збор за продажбата на инструментите, ќе биде познато по наддавањето на коешто кон крајот на јануари ќе бидат понудени гитарите на кои свиреле членовите на легендарните британски состави The Beatles и The Rolling Stones.

Гитарата со видеоснимка на која Кит Ричардс ја потпишува својата гитара од моделот „Gibson ES-335“, се очекува дека ќе постигне поголема сума отколку потпишаната од Пол Маккартни бас-гитара, кога ќе бидат понудени на аукцијата на Беверли Хилс.

„Истата стара приказна: Beatles или Stones? ‘Чиј фан си ти?…. продолжува, овојпат преку инструментите. Мислам дека Кит Ричардс тука ќе победи, едноставно затоа тоа е толку забавно и затоа што станува збор за NFT“, наведува Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа Julien’s Auctions.

NFT, што е кратенка за non-fungible tokens (незаменлив токен) е единствениот дигитален предмет кој ја потврдува сопственоста над дигиталните датотеки, во овој случај снимка од четири секунди во која Ричардс ја потпишува гитарата. Од Julien’s Auctions наведуваат дека NFT на Ричардс би можел да постигне сума меѓу шест и осум илјади американски долари.

Вилинската бас-гитара од марката „Höfner“ на Маккартни, исто така со негов потпис, модел на кој свирел на завршниот концерт кој „бубачките“ го одржаа на покривот од зградата „Apple Corps“ во Лондон во 1969 година, што неодмана беше прикажан во документарниот филм на Питер Џексон „The Beatles: Get Back“. Се проценува дека за неа новиот сопственик ќе плати од четири до шест илјади долари.

Аукцијата во онлајн формат ќе се одвива на 30-ти јануари во Лос Анџелес, а ќе се одржи во добротворни цели за организацијата „MusiCares“ која пружа здравствена грижа и закрепнувања на членови на музичката заедница.