Аргентинскиот фудбалски великан Ривер Плејт се пласираше во полуфиналето на Копа либертадорес, јужноамериканското континентално натпреварување еквивалент на европската Лига на шампионите.
Ровер во реваншот во четвртфиналето во Монтевидео го совлада уругвајскиот претставник Национал со 6:2, откако во првиот дуел на домашен терен славеше со 2:0.
За Аргентинците патот до конечниот триумф го отвори исклучувањето на домашниот голман Серхио Рочет кој уште во 18 минута направи груб прекршок надвор од шеснаесетникот.
За Ривер „хет-трик“ постигна Рафаел Сантос Боре во 67, 73 и 80 минута, а меѓу стрелците се впишаа и Хорхе Караскал во 28, Николас Де Ла Круз во 45 и Бруно Зукулини во 50 минута. За ургувајците стрелци беа Карлос Аиртон Куого Риверо во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме и Сантијаго Родригез во 54 минута.
Ривер Плејт во полуиналето ќе игра против бразилски Палмеираш, а во второто полуфинале ќе се соочат бразилски Сантос и победникот од двобојот на аргентиските клубови Бока Јуниорс и Расинг. Во првиот меч славеше Расинг со 1:0, а реваншот е на 23-ти декември.
Најуспешен клуб во историјата на Копа либертадорес е аргентински Индепендиенте со седум титули, Бока Јуниорс има шест титули, а уругвајски Пењарол има пет. Следат Ривер Плејт и Естудиантес со по четири наслови шампион на Јужна Америка.