Ракометниот клуб на Алкалоид ги заврши подготовките во Маврово и се враќа во својот дом во Автокоманда.
Младиот состав, предводен од тренерот Кирил Лазаров, сега ќе се насочи кон воигрување на екипата во пресрет на новите предизвици во сезоната.
По враќањето во Автокоманда ќе започнат и подготвителните натпревари на екипата, а ќе бидат пет до шест контролни дуели. Алкалоид, кој е актуелен Куп-освојувач, ќе настапи и на пријателски турнир во Охрид од 20 до 24 август.